Малезија: Исламската конференција бара Американците да го напуштат Ирак

Организацијата на Исламската конференција, на денешниот почеток на состанокот во Малезија, побара американските сили да го напуштат Ирак и со тоа да им дадат шанса на Обединетите Нации да ги обноват редот и стабилноста во таа земја. Инаку, ова е прв состанок, по нападите на Ал Каида врз Америка пред две години, на кој учествуваат сите претставници на Организацијата на исламската конференција.