Рим: Дводневен состанок на министрите за одбрана на ЕУ

Министрите за одбрана на Европската Унија на дводневниот состанок во Рим се очекува да се изјаснат за предлогот за формирање два европски воени штабови кои ќе бидат одвоени од НАТО. Франција, Германија, Белгија и Луксембург ова го предлагаат со образложение дека тоа ќе помогне во зацврстувањето на воената способност на Европската Унија. Нивниот предлог наиде на критики од Соединетите Држави и Британија кои сметаат дека на таков начин ќе биде поткопано единството во НАТО.