Стотици илјади жители на американскиот Источен Брег денеска, според метеоролозите, треба да се соочат со ураганот Изабел. Во Северна Каролина, Њу Џерси и Вирџинија е прогласена вонредна состојба, а над сто и пеесет илјади луѓе ги напуштиле своите домови. Ветрови и поројни дождови се очекуваат и во главниот град Вашингтон поради што не работат многу служби на американската администрација. Претседателот Џорџ Буш заминал во Кемп Дејвид каде што денеска треба да го прими јорданскиот крал Абдула Втори.