Во Берлин денеска ќе се одржи редовен состанок меѓу владите на Германија и на Франција на кој ќе се разговара за реформите во европските институции и за некои меѓународни пршања, вклучувајќи го и Ирак. Делегациите ќе ги предводат германскиот канцелар Герхард Шредер и францускиот претседател Жак Ширак.