Вашингтон: Весли Кларк ќе ја објави демократската кандидатура за претседател

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк денеска ке ја објави номинацијата како претседателски кандидат на Демократската партија за престојните избори во Соединетите Држави кои ке бидат одржани идната година. Кларк со тоа ке стане 10 кандидат кои ке учествува во внатрепартиската трка која ке треба да го определи кандидатот на Демократите кој ке му се спротивстави на актуелниот претседател Џорџ Буш. Тој е поранешен врвен планер на Пентагон и во 1999 – тата ја предводеше воздушната кампања на НАТО на Косово.