Шефовите на американската и руската дипломатија Колин Пауел и Игор Иванов имале конструктивен разговор за предлог-резолуцијата на Вашингтон за авторизација на мултинационалните сили во Ирак. Во сабота во Женева ќе биде одржана средба на 5 – те министри за надворешни работи на постојаните земји членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, а американскиот претседател Џорџ Буш по забелешките на Франција и Германија рече дека е отворен за сугестии со цел повторно да не се влегува во недоразбирања.