Москва: Состанок на Контакт групата за Косово

Во Москва денеска се одржува состанок на Контакт групата за Косово на кој ќе учествува и шефот на УНМИК Хари Холкери. Претставниците на Соединетите Држави, Велика Британија, Русија, Германија и Франција ќе расправаат за можностите за започнување дијалог меѓу Белград и Приштина. Како што е најавено, Холкери ќе има одвоена средба и со рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов.