Новиот шеф на мисијата на УНМИК Хари Холкери денеска во Приштина и официјално ја презема функцијата. Тој за утре има закажано средби со претседателот на Косово Ибрахим Ругова, како и со премиерот и со претседателот на собранието Бајрам Реџепи и Неџат Даци. Холкери е петтиот специјален пратеник на Обединетите Нации. Пред него на оваа функција беа Серџо Де Мело кој во минатата недела беше убиен во Багдад, Бернар Кушнер, Ханс Хекеруп и Михаел Штајнер.