Подготвени сме да инвестираме во Македонија, но главен проблем се уште претставува нестабилноста во регионот. Се плашиме дека тоа што сме го спечалувале со години, преку ноќ можеме да го загубиме – коментираат луѓето кои дваесет и повеќе години својата егзистенција ја обезбедуваат надвор од државата, а денеска дојдоа да учествуваат на вториот форум на иселениците од Македонија.
„Ние од дијаспората не се чувствуваме уште слободно и безбедно за инвестирање“
„Досегашната политичка клима не беше толку поволна за да се инвестира“
„Главна причина што многу луѓе не инвестираат во оваа држава е тоа што се сметаме за нестабилно подрачје“
Безбедносната ситуација е само еден од проблемите што нашите луѓе ги прави скептични во реализирањето на идејата да го инвестираат својот капитал во Македонија. Нивниот став е дека државата мора да создаде поволна финансиска клима:
„Потребно е банкарскиот сектор и институциите кои се задолжени за бизнисот да бидат на едно повисоко ниво за да може трансакциите да се вршат лесно и безбедно“
Од извршената власт беше пратена порака до иселениците: тенденција е каматните стапки на кредитите во иднина да бидат се пониски. И претседателот на државата Борис Трајковски со укажување до иселениците – отсега па натаму нема да биде ништо исто како порано:
„Македонија со својот демократски амбиен плови во далеку помирни води, сега, кога треба да се фаќа се поголем економски замав“