Токио: Јапонскиот парламент ќе одобри испраќање на 1000 војници во Ирак

Јапонскиот парламент денеска одобри испраќање илјада јапонски војници за да учествуваат во обновата и стабилизацијата на Ирак. Опозицијата смета дека со ваквиот чекор се крши Уставот на земјата според кој, освен за одбранбени, војската не смее да се употребува за други цели.