Горниот Дом на американскиот Конгрес го одобри предлог законот со кој за наредната година од буџетот треба да се издвојат 368 милијарди долари за одбраната. Во овие средства не се пресметани трошоцитте за воените операции во Ирак и во Авганистан, па затоа се очекува тие да бидат одобрени со посебни закони.