Синоќа во Иран дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на универзитетот во техеран, за време на одбележувањето на 4-годишнината од студентските немири во земјата. Полицијата употреби солзавец, а потоа и физички ги нападна демонстрантите кои се залагаат за реформи и смена на верските власти во земјата.