Од паѓањето на режимот на Садам Хусеин досега во Ирак не е пронајдено апсолутно никакво оружје за масовно уништување, изјави за Би Би Си поранешниот шеф на инспекторскиот тим Ханс Бликс. Тој додаде дека е малку веројатно Хусеин да поседувал оружје кое би можело да биде активирано за 45 минути, како што се наведуваше во еден извешатај на британските разузнавачи доставен до владата.