Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во силната експлозија што се случи изутрината во близина на полициската станица во ирачкиот град Рамади. Според очевидци, експлозијата одекнала во момент кога американските сили обучувале осумдесетина ирачки полициски регрути на главната улица во Рамади. Засега не прецизирано од што е предизвикана експлозијата, ниту, пак, националноста на жртвите. Експлозијата се случува само ден отакако катарската телевизиска станица Ал Џазира објави тонска снимка со надводна порака на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин во која бара од граѓаните на Ирак „да не им помагаат на американските и британските освојувачи и безбожници“. Од 1 мај кога американскиот претседател Џорџ Буш објави крај на воените операции против поранешниот режим на Хусеин, во различни оружени инциденти во Ирак загинаа 26 американски и шест британски војници.