Улцин: Уапсен Дилавер Бојку - Леку

Црногорската полиција синоќа околу 23 часот и 30 минути во Улцин, го лиши од слобода Дилавер Бојку-Леку, обвинет и осуден за посредување во вршење проституција, кој на 20 јуни им побегна на затворските чувари при неговото преместување од Струшкиот во Охридскиот затвор. Како што информира МВР на денешната прес-конфренција, во текот на наредните денови се очекува Бојку да биде вратен во Македонија. Акцијата за негово апсење, по претходни сознанија за тоа каде се наоѓа, била подготвувана две недели. МВР имало созанија дека Бојку планирал од Црна Гора да замине за Бразил. Во 6 часот изутрината МВР во Дебарскиот регион откри и заплени големо количество оружје и муниција, што било сладирано од криминални структури, кои се надевале на нови конфликтни состојби во РМ. Полицијата имала сознанија за активностите и ја надгледувала таа криминална група.