Албанската полиција во Тирана го уапсила Гафур Адили, кој се смета за еден од водачите на АНА, која ја презеде одговорноста за неколкуте напади во Македонија, јужна Србија и на Косово, јави Асошиетед прес. Полицијата открила дека Адили и уште едно лице, чиј идентитет не е соопштен, влегле во Албанија од Македонија со лажни пасоши.