Американскиот претседател Џорџ Буш изјави синоќа дека реконструкцијата на Ирак ќе биде долгорочен процес и оти Соединетите Држави нема наскоро да се повлечат од таа земја. Буш исто така оцени дека војната против тероризмот ќе трае долго, бидејки терористичката мрежа Ал Каида ги заменува уапсените или убиени лидери со нови.