Турскиот Совет за национална безбедност, кој е под контрола на воениот врв, изрази денеска силна поткрепа на напорите на Владата за зачленување на Турција во Европската Унија. Во соопштението издадено по седница, се нагласува дека тие напори кои подразбираат итни преговори со европските петнаесетмина, се во согласност со принципите на Република Турција. Преговорите на Турција со ЕУ се закажани за во 2004 година.