Бугарија се приклучува кон заедничкиот став на земјите од Европска Унија и не сака да ја потпише спогодбата со Соединетите Држави за изземање на американските државјани од јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, пишува денеска бугарскиот весник Монитор. Весникот ја објавува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Соломон Паси кој рече дека ваквиот став на Софија сеуште не е формализиран со одлука на владата и парламентот. Паси додаде оти Бугарија се надева дека поради ова Вашингтон нема да ја прекине воената помош за земјата.