Пјонгјанг: Северна Кореа најавува итни мерки на предострожност

Северна Кореја соопшти дека ќе преземе итни мерки за предострожност доколку Советот за безбедност на Обединетите Нации се зафати со прашањето за нејзината нуклеарна воена програма. Не е прецизирано за какви меркио станува збор. Кина и Русија пред извесно време ја блокираа намерата на Соединетите Држави за осуда на Северна Кореја во Советот за Безбедност.