Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека иранскиот претседател Мохамед Катами го известил дека Техеран нема планови за развој на нуклеарно оружје. На прес конференцијата во Кремљ пред повеќе од 700 домашни и странски новинари Путин рече дека Иран се подготвува да го потпише протоколот баран од Меѓународната Агенција за атомска енергија за инспекција на нуклеарните капацитети на земјата. Путин изјави и дека смета оти во преговорите за Блискиот Исток не треба да се игнорира палестинскиот лидер Јасер Арафат поради неговото големо влијание врз палестинците.