Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека светските лидери нема да толерираат нуклеарно оружје во Иран. Буш уште еднаш им даде подршка на демонстрантите во Иран кои бараат промена на исламските власти во земјата и го повика Техеран спрема нив да постапува со крајно почитување.