Шефот на УНМИК Михаел Штајнер оцени дека до крајот на годинава нема да биде покренат процесот на решавање на конечниот статус на Косово поради тоа што сеуште не постигнати ефективни облици на заштита на малцинствата. Според Штајнер, на самитот на Европската Унија нема да бидат превземени храбри чекори во однос на Балканот.