Вашингтон: Мир меѓу Израелците и Палестинците најважна цел на американската администрација

Американскиот советник за национална безбедност Кондолиза Рајс изјави дека и натаму најважна цел на американската администрација е да им помогне на Израелците и Палестинците да дојдат до мировно решение. Во текот на претстојниот викенд Вашингтон ќе го испрати американскиот дипломат Џон Волф за да го надгледува спроведувањето на блискоисточниот мировен пат познат како пат на мапата. Во идната недела во Јордан пак, треба да се одржи средба на државниот секретар Колин Пауел со високи претставници на Русија, Европската Унија и Обединетите Нации кои се коспонзори на мировниот план.