Американскиот државен секретар Колин Пауел, претставувајќи го извештајот кој е подготвен по барање на Конгресот, побара од сите земји енергично да ги казнат луѓето кои се вклучени во оваа трговија.
„Во нашиот свет на Дваесет и првиот век каде што слободата и демократијата се шират на секој континент, ужасно е и морално неприфатливо тоа што стотици илјади луѓе, жени и деца се експлоатираат, злоупотребуваат и поробуваат од оние што сакаат да заработат на човечката несреќа.“
Изјави државниот секретар Колин Пауел, додавајќи дека Соединетите Држави се подготвени да им помогнат на земјите кои демонстрираат решеност да ги зацврстат нивните домашни капацитети во борбата против оваа трговија. Во извештајот на Стејт Департментот се анализира состојбата во врска со ова прашање во пооделни држави. Во првата група, односно во земјите кои целосно ги исполнуваат стндардите, меѓу Чешка, Британија, Полска и Литванија се најде и Македонија. Притоа се додава дека македонската влада покажала ефективност во етнички албанските територии кои не беа под нејзина контрола за време на конфликтот во две илјади и прва година и каде што трговијата со луѓе е најголема. Како постофликтна држава со ограничени извори, преземени се значајни напори во борбата против ваквата појава. Тие би требало да продолжат и во наредната година со цел да се зацврне капацитетот на судството во владеењето на правото. Џон Милер, советник на секретарот Колин Пауел, смета дека и најдобро пласираните земји се уште целосно немаат извојувано победа во трговијата со луѓе:
„Ние сакаме никој да не верува дека со тоа што некоја земја е во првата група, таму не постои тој проблем. Секоја земја во светот го има ова таканаречено модерно ропство, вклучувајќи ги тука и Соединетите Американски Држави.“
Во извештајот на Стејт Департментот се прецизираат и петнаесет земји кои не ги исполнуваат ни минималните стандарди во борбата против трговијата со луѓе. Меѓу нив се Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Грузија, Узбекистан, Северна Кореа. Исто така се идентификуваат и оние земји кои прават напори да ги исполнат овие стандарди како: Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Словенија, Русија и Украина. Стејт Департментот препорачува дека со економски санкции треба да се соочат оние земји што одбиваат да се борат против овој вид криминал.
„Одлуката за санкции што, според законот, ја донесува претседателот, не може да се случи до први октомври. Тоа значи дека до тогаш некоја земја би можела да направи значајни напори да излезе од третата група.“
Вели Џон Милер кој додава дека извештајот е со цел да ги охрабри владите да преземат поцвсти чекори во борбата против трговијата со луѓе.