Женева: САРС ставен под контрола

Светската здравствена организација објави денеска дека вирусот САРС по се изгледа е ставен под контрола. Како што е соопштено, ширењето на вирусот во Кина се намалува, но Тајван сеуште е проблематичен. Досега во светот 790 лица умреа од атипичната пневмонија, а околу 8 илјади и петстотини се инфицирани.