Располагаме со информации дека албанските терористи подготвуваат терористички акции по замислените граници на таканаречената Голема Албанија, изјави денеска во Белград министерот за одбрана на Србија и Црна Гора Борис Тадиќ. Тој ги повика УНМИК и КФОР да ја интензивираат работата за враќање на безбедноста на Косово.