Шефовите на дипломатиите на државите опфатени со Процесот за соработка во Југоисточна Европа денеска во Сараево ќе одржат средба посветена на ситуацијата во регионот и идните проекти за интензивирање на соработката во областа на економијата, инфраструктрата, борбата против организираниот криминал и заштитата на човековите права. На состанокот ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева. Ова е прва средба на министрите за надворешни работи во рамките на Процесот, откако Босна го презеде претседавањето.