Москва: Руската Дума го одобри законот за амнестија
Руската Дума денеска го одобри Законот за амнестија на чеченските бунтовници кои ќе го предадат оружјето. Амнестијата не важи за арапските доброволци и за лицата обвинети за криминал, убиства, силувања и киднапирања.