Чешкиот министер за одбрана Јарослав Тврдик поднесе оставка поради, како што соопшти на денешната прес конференција во Прага, планираното намалување на трошоците за војската. Тој наведе дека премиерот Владимир Шпидла го поддржал ваквиот негов чекор. Според чешкиот устав, само претседателот може да прифати оставка на некој министер.