Силен земјотрес денеска повторно го погоди Алжир. Засега нема извештаи за настрадани или за причинети материјални штети. Потресот, со сила од пет запирка осум степени според Рихтеровата скала, е трет што го погодува Алжир во изминативе триесет и шест часа по катастрофалниот пред една недела во која загинаа над две илјади луѓе.