Американскиот центар за контрола и превенција од болести повторно предупреди на опасноста од патување во Торонто поради извештаите за можни нови случаи на заболени од САРС. На американците им се препорачува да го избегнуваат Торонто, каде што во последните денови се забележани нови 5 можни случаи на САРС.