Индија: Најмалку 143 жртви на екстремно високите температури

Најмалку 143 луѓе умреле во јужна Индија, како последица на екстремно високите температури, кои достигнаа над 47 степени целзиусови. Според метеоролозите, високите температури ќе се задржат уште два дена, по што се очекуваат монсунските дождови.