На состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската Унија во Брисел, Грција предложи Унијата да даде дополнителни финансиски средства за спроведување на политичките и економските реформи во земјите на Западен Балкан. Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папндреу изјави дека меѓу неговите колеги постои широка согласност за овој предлог, но забележа дека се уште нема одговор од каде ќе бидат најдени средствата.