Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска се очекува да ја започне расправата за изменетата нацрт-резолуција за укинување на санкциите против Ирак, предложена од Соединетите Држави, Велика Британија и Шпанија. Во нацртот е предвидено Обединетите Нации да имаат значајна улога во пост-воен Ирак, но водечки остануваат сојузничките сили.