Северна Кореја соопшти дека договорот со Јужна Кореја од 1992 година за неширење на нуклеарното оружје на Корејскиот полуостров, е мртов документ. Официјален Пјонг Јанг ги обвини Соединетите Држави за пропаѓањето на договорот и најави дека ќе ги зајакне своите одбранбени капацитети.