Марк Лејти, советник на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон. Најголемите проблеми на Балканот поврзани со безбедноста на границите

Господине Лејти НАТО е иницијатор на идејата за одржување конференција во Охрид постевена на одржување на безбедноста на границите на Балканот. Колку според вас ова прашање е важно прашање?

Мислам дека прашањето за безбедноста на границите е апсолутно основно за иднината на сите земји на Балканот. Балканот има два големи проблеми, сиромаштијата и криминалот. Поголемиот дел од криминалните активности е всушност во врска со границите. Ако имате граници што се затворени за илегални дејности, а оторени за нормален проток на стоки и услуги без задоцнување и без корупција вие истовремено му задавате сериозен удар на организираниот криминал и ги отворате можностите за економски контакт. Истовремено, тоа е фундаментално прашање не само за Балканот, туку и за Европа, затоа што ние имаме проблеми со шверс со дрога, имаме проблеми со тероризам, со трговија со луѓе, шверц со оружје, мафијашки групи. Сите тие на некој начин се во врска со Балканот, тие го користат како засолниште за нивните активности.

На конференцијата ќе учествуваат највисоки владини претставници на Македонија, Албанија, Хрватска, Босна, Србија и Црна Гора, цивилниот администратор на Косово. Постои ли опасност таа да резултира само со политички изјави, без реален резултат?

Овој конференција е мошне амбициозна. Она што таа сака да го постигне е земјите во регионов да развијат стратегија на соработка во решавањето на проблемот. Конференцијата за безбедност на границите не е само одењето во Охрид, и давањето изјави. Таа е работна. Се разбира дека ќе има политички изјави на почетокот, но потоа ќе следуваат работни сесии. На нив, практични ќе се работи и ќе се разгледуваат сите детали, и сите специфични проблеми.

Има очекување дека сите балкански земји токму на конференцијата во Охрид ќе ја преземат обврската до крајот на годинава да ја дефинираат националната стратегија за контрола на границите. Дали се тоа очекувања и на НАТО?

Како секоја земја ќе ја формулира својата национална стратегија за ова прашање е во нивен домен. Она што ние сакаме е ова прашање да се третира сериозно. Всушност, фактот што оваа конференција се случува, е знам дека земјите од регионот сериозно го сфаќаат проблемот. Знаете, тука има многу работа и мислам дека најлошо нешто што може да се случи и сите да дојдат и да кажат, ние го правиме тоа и тоа, и толку. Затоа што сите знаат дека не е доволно направено. Но, има и добри знаци. Македонија е примерна земја, што ја зема граничната безбедност многу посериозно отколку порано. Сега на Македонија и е потребна помош, потребно и е да разговара со своите соседи, и да соработува со нив. Мислам дека тоа и ќе се случи. Драго ми е што оваа конференција ќе се одржи и оптимист сум дека од неа ќе произлезат многу добри работи.