Американскиот цивилен администратор за Ирак Џеј гарнер денеска изјави дека преодната влада во таа земја ќе биде формирана до средината на овој месец. Тој изрази уверување дека ирачките организации ќе наименуват деветчлен совет кој ќе биде задолжен за контакт со американските претставници. Советот би требало да биде составен од оние што се вратиле од егзил и од локалните лидери.