Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по евентуалните преживеани од земјотресот што пред два дена ја погоди турската провинција Бингол. Полицијата соопшти дека загинале 147 луѓе, а над илјада биле повредени и оти има мали шанси под урнатините да се пронајдат уште преживеани. Вчера во Бингол дојде до судири меѓу полицијата и неколку илјади демонстранти кои сметаа дека властите не реагирале соодветно по земјотресот.