Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција, при што најмалку 84 луѓе загинале, а неколку стотици се повредени. Турскиот министер за градежништво Зеки Ергезен изјави дека бројот на загинатите ќе биде поголем бидејки многу луѓе се затрупани. Премиерот Реџеп Ердоган свика итна седница на владата.