Најмалку 5 ирачки цивили загинаа а многумина, меѓу кои и американски војник, се повредени во бранот силни експлозии денеска во Зафранија предградие на Багдад каде што американските војници детонирале едно воено депо, јавуваат агенциите од Багдад. Според Си Ен Ен, кој се повикува на очевидци во една куќа во соседството погодена од проектил загинале 14 лица. Агенциите исти така цитираат американски официјални лица , според кои , непознати напаѓачи стрелале врз депото со оружје. Револтирани жители на Багдад фрлале камења врз американските војници кои пристигнале на помош.