Израелскиот министер за одбрана Шаул Мофас изјави дека израелските сили нема да одговорат на вчерашниот самоубиствен напад во Израел, кога едно лице загина, а 13 беа повредени. Според израелското радио, ваквата одлука била донесена како знак на добра волја кон новата палестинска влада на премиерот Махмуд Абас, кој вети битка против палестинските милитанти.