Софија: Поврзаност на двајца министри и еден пратеник со мафијата во Бугарија

Бугарското Министерство за внатрешни работи до
надлежните институции во државата доставило извештај во кој се укажува на поврзаност на двајца министри во Владата и еден пратеник во Парламентот од редовите на владејачкото Национално движење Симеон Втори со мафијата во државата. Во извештајот што бил доставен до бугарскиот државен врв, било наведено дека министрите за финансии Милен Велчев, за сообраќај Пламен Петров и пратеникот Борислав Зеков се поврзани со врвот на шверцерски синџир. Министерот Велчев нагласи дека обидот за негово компромитирање доаѓа поради строгата политика на неговото Министерство во областа на даночните и царинските прописи. Пратеникот Зеков, пак, вели дека целта на овие напади е соборување на Владата и спроведување предвремени парламентарни избори.