Северна Кореја оцени дека дебатите во Советот за безбедност на Обединетите Нации за нејзината нуклеарна програма се вовед во војна на Корејскиот полуостров. Советот изрази загриженост во врска со ситуацијата во Северна Кореја, но не усвои никаков документ со кој би се осудиле нејзините нуклеарни потенцијали.