Македонскиот претседател Борис Трајковски во денешното обраќање пред пратениците на Европскиот Парламент во Стразбур, како што е соопштено во Скопје, треба да ја истакне решеноста на земјата за зачленување во Европската Унија. Претседателот Трајковски е прв лидер од земјите од Западен Балкан кој доби покана да им се обрати на европратениците.