Повеќе од 8,700 бомби се фрлени во Ирак од почетокот на американските воздушни напади, соопшти Пентагон. Генерал мајарот Стенли Мек Кристал во Вашингтон изјави дека американските сили испалиле повеке од 700 томахавк ракети и повеке од 8.000 проектили. Воздушните напади продолжуваат, вели Мек Кристал и информира дека вчера имало околу 1000 прелети над Ирак и оти главна цел биле единиците на ирачката републиканска гарда во Ал Медина, Ал Хамураби, Багдад и Ал Нида. Тој информираше дека американските и британските војници во Ирак пронашле хемиско и биолошко оружје.