Пред американската амбасада во Никозија на Кипар е фрлена запалена бомба која не причинила никаква штета. Лицето кое ја фрлило бомбата е уаспсено. Јавното мислење во Кипар е против војната во Ирак. Вчера пред британската база на островот која се користи за снабдување на сојузничките сили при нападите врз Ирак беа одржани анти – воени демонстрации.