Шведскиот премиер Јоран Персон изјави дека изборот на нов премиер на палестинската власт го отвора патот за првите вистински мировни разговори меѓу израелците и палестинците. Тој додаде дека кон средината на април ќе го посети регионот. Шведска многу пати досега беше домаќин на блискоисточните мировни преговори. како што е познато, палестинскиот лидер Јасар Арафат го наименува Махмуд Абас за нов премиер кој ќе треба да спроведе реформи во палестинската власт.