Багдад: 36 загинати во последните американски напади

Ирачкиот министер за здравство Умид Медхат Мубарак на денешната прес конференција изјави дека 36 лица биле убиени од вчерашните сојузнички воздушни напади врз Багдад. Од почетокот на војната, пред една недела досега, според Мубарак, загинале 350 луѓе, а четири илјади биле повредени. Тој ги обвини американските и британските сили дека со напади врз цивилите сакаат да го урнат моралот на ирачаните.