Сојузничките сили започнале офанзивни операции против елитната Републиканска гарда на ирачкиот претседател Садам Хусеин. Според портпаролот на Пентагон генерал Стенли Мек Кристал по интензивните авионски и хеликоптерски напади, една од најдобрите дивизии на гардата била прилично ослабена. Борбите се водат на помалку од 100 километри од Багдад.